Мрачните тајни на нацистичката лабораторија

Остатоците од телата биле ставени во лабораториските епрувети и стакленици, а по 70 години ги пронашол истражувачот Рафаел Толедано, кој верува дека озлогласената лабораторија крие многу тајни.

Остатоците на еврејските жртви во гасните комори биле изложени на експериментални истражувања поврзани со медицински установи на западниот дел од францускиот град Стразбур, јавува AP.



Истражувачите откриле писма за кои се верува дека се напишани за време на Втората светска војна, на кои бил потпишан тогашниот директор на медицинскиот институт во Стразбур. Во писмата се наведени експерименталните истражувања над телата на убиените Евреи, кои го спроведувал озлогласениот професор по анатомија, Авугст Хирт.


Во писмата се споменуваат складишта во кои се наоѓале примероци од телата на Евреите убиени во гасните комори, направени по посебни прописи за да одговараат на експериментите на Хирт.



Се верува дека им припаѓаат на припадници со еврејска вероисповед, кои во 1943-тата година биле одведени во Стразбур, кој тогаш бил под окупација на нацистите. Дел од телата на 86 Евреи биле пронајдени во лабораториите на Хирт.



Остатоците од телата биле ставени во лабораториските епрувети и стакленици, а по 70 години ги пронашол истражувачот Рафаел Толедано, кој верува дека озлогласената лабораторија крие многу тајни.



Градоначалникот на Стразбур рекол дека ќе бидат преземени сите потребни мерки, за посмртните останки да се вратат во еврејската заедница во Стразбур.



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О