Шпанката Поус-Тио пресилна за Ѓорческа


Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да го мине првото коло во сингл на силниот фјучерс турнир во Бурса, Турција кој се игра за награден фонд од 50.000 американски долари.

Македонката ги мина квалификациите, но на стартот во главната ждрепка налета на шестата носителка Лаура Поус-Тио која беше пресилна за Лина допуштајќи и само два гејма (6:2, 6:0). На 20-годишната тетовка сега и останува настапот во двојки каде со Мелис Сезер во четвртфиналето ќе ги одмерат силите со четвртите носителки Кагла Бујукакчај и Пемра Озген од Турција.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О