Тој го обвини премиерот дека одбил нормализација на државата и институциите за доброто на Македонија и го оспорува одговорот од 2. јуни.
Заев рече дека Груевски го водат лични интереси и дека неам да дозволи премиерот да ја тероризира Македонија. Лидерот на СДСМ најави продолжување на проектот „Вистината на Македонија“.
Прашан околу тоа дали ќе се спроведат избори во април, Заев одговори дека избори не може да организира оваа Влада и напомена дека доколку меѓународната заедница даде конкретен предлог, кој е прифатлив за нормализација на државата и институциите и возобновување на демократијата во земјата, сптаквите предлози се вредни за разгледување.
Во однос на неговото апсење и дали е загрижен, Заев пред новинарите одговори дека во моментов тоа воопшто не му е важно и дека судот треба да го спроведе правото.