Нејзината врска со норвешкиот принц Хокон, а подоцна и свршувачка, привлекоа голем број контроверзи, со оглед на тоа што Мете-Марит била поранешна келнерка и дека веќе имала дете од вонбрачна врска со човек осудуван за поседување наркотици.
Норвешката принцеза Мете-Марит е родена како Мете-Марит Тјесем Хејби на 19 август 1973 година во Кристиансанд, Норвешка. Нејзините родители, познатиот новинар Свен О. Хејби и Марит Тјесем се развеле кога Мете-Марит имала 11 години и таа и нејзините двајца браќа и сестра останале да живеат со мајка им. Меѓутоа, никој од нив не можел ни да замисли каков бурен живот ќе води Мете-Марит.
Таа и Хокон, престолонаследникот на Норвешка, се запознале во 1999 година преку заеднички пријатели. Нивната врска, а подоцна и свршувачка, привлекоа голем број контроверзи, со оглед на тоа што Мете-Марит била поранешна келнерка и дека веќе имала дете од вонбрачна врска со човек осудуван за поседување наркотици. Неколку денови пред кралската венчавка во 2001 година, идната норвешка принцеза јавно им се извинила на поданиците за своето скандалозно минато.
На многу емотивната конференција за новинари, таа зборувала за својата бунтовничка младост.
„Мојот младешки бунт беше многу поизразен отколку кај повеќето млади луѓе. Поради тоа воде прилично развратнички живот“, објаснила тогаш госпоѓа Хоиби, мислејќи на времето кога била редовна на дивите забави по Осло на кои се конзумирала дрога.
„На тие забави ги преминувавме границите“, признала Мете-Марит, расплакувајќи се пред новинарите. „Тоа искуство скапо го платив и ми требаше многу време за да се опоравам од него“.
Во Норвешка, од прилика половина од децата ги раѓаат самохрани мајки, а истраувањето на јавното мислење покажало дека повеќето Норвежани не се грижеле поради тоа што нивната идна кралица веќе имала дете, ниту тоа што таа и престолонаследникот живееле заедно во стан во Осло иако не биле венчани.
Меѓутоа, проблемот било во тоа што кога престолонаследникот Хакон, кога ќе го наследи својот татко, кралот Хералд, ќе стане не само крал, туку и поглавар на државната Лутеранска црква која не ја одобрува вонбрачната заедница.
Значи, за Норвежаните не било проблем ни детето, ни вонбрачната заедница, туку тоа што повеќето поданици на ова кралство воопшто не одобруваат конзумирање дрога, па популарноста на кралското семејство значително опаднала кога се дознало дека идната принцеза посетувала такви забави.
„Сакам да ја искористам оваа прилика за да ви кажам дека ја осудувам употребата на дрога“, изјавила тогаш Мете-Марит, но не прецизирала дали и самата ја конзумирала. „Невозможно е да се врати времето за повторно да бидам во ситуација да можам да одлучувам за тоа, но би сакала да можам“, додала таа и ги замолила присутните новинари повеќе да не се занимаваат со нејзиното минато. „Се надевам дека веќе нема да морам да зборувам за своето минато и дека печатот ќе ја почитува мојата желба“.
Од друга страна,принцот Хокон изјавил дека од самиот почеток на својата врска со неа имал голема поддршка од своите родители.
„Она што се случи меѓу нас и што ни е заедничко беше премногу силно за да се одречам од тоа“, рекол Хокон.
Хокон и Мете-Марит сега имаат две биолошки деца, кои ги заземаат второто и трето место во линијата за наследство на норвешкиот престол.