Грците можат да гледаат на примерите на Аргентина и Исланд за да сфатат какво искуство ги очекува после недостигот на пари во оптек и девалвацијата. Но, судбината на еврозоната е погомплексна и понесигурна.
Со фактот дека Грција сочинува помалку од 2 посто од грото домашниот производ на еврозоната, нејзиниот излез не мора да има голем и моментален удар.
Повеќето економисти очекуваат Европската централна банка да истапи во заштита на цените на трговијата во однос на економски послабите земји членки.
Но, што после тоа? Некои веруваат дека кризата ќе ги зближи 19-те земји кои го користат еврото како валута во дури поблиска унија. Други го очекуваат сосем спротивното – пазарите ќе ги „отстранат“ послабите членови еден по еден, намалувајќи се на европска елитна група на земји со докажана економска вредност.
ВВС побара мислење од 4 истакнати економисти и аналитичари за тоа на кој начин мислат дека ќе се одвива промената на еврозоната.
Андерс Борг, член на Иницијативата за глобален финансиски систем при Светскиот економски форум и поранешен министер за финансии на Шведска
Г-дин Борг верува дека ефектот на еврозоната ќе биде ограничен.
„Ако гледате какво влијание имаше на берзата, всушност и не е толку лошо. Изложеноста на Грција од индивидуални банки беше ограничена и иако врските на грчките долгови со јавните институции се силни овде, нема проблеми со ликвидноста“.
„Многу е важно да ги гледаме соодветните политики кои ги применува ЕЦБ. Треба да го прави токму она што го прави во моментов – месечни интервенции на пазарот, кои јасно сигнализираат дека ЕЦБ ќе направи сé што треба да го одржи еврото стабилно“.
„Излезот на Грција од еврозоната би имал негативно влијание на евро економијата, но не во големи количини. Можеби ќе го намали порастот за 0,2 – 0,4%, но нема да биде страшно како ефектот во 2008 или 2010“.
Стефанос Манос, поранешен министер за финансии на Грција
„Не мислам дека последиците за еврото ќе бидат сериозни, и верувам дека европските институции имаат заштитено и средено сé што би можело да биде оштетено од потенцијалниот грчки излез. Вредноста на еврото може да биде малку нестабилна, но нема да биде сериозно оштетена“, вели Манос.
„Наместо тоа, може да ги исплаши луѓето во Европа и да ги принуди да прават повеќе од порано и да ја приближат унијата уште повеќе. Освен резервна опција во унијата, им треба и некој вид фискална заедница. Така што грчкиот излез би можел да биде добра причина да се забрза процесот“.
Тој верува дека грчката иднина надвор од еврозоната нема да охрабри други да ја следат – всушност, би го постигнала спротивното: „Ние ќе бидеме пример кој ќе треба да се одбегнува“, смета тој.
Професор Џон Рајан, Факултет за економија во Лондон
Професорот Рајан верува дека ефектите на краток рок ќе бидат штетни за еврото, но нема да бидат проблем со кој ЕЦБ не може да се справи.
Но, на долг рок, вели дека може да има повеќе сериозни проблеми. Тој вели: „Ефектите ќе бидат повеќе долготрајни и длабоки, отколку брзи. ЕЦБ ќе треба да започне да го подготвува теренот со поддршка на отворениот пазар. Но, понатаму, пазарот ќе ја тестира отпорноста на периферните економии“.
Тој исто така има помалку верба во европскиот банкарски систем и неговата способност да го издржи ударот од излезот на Грција од еврозоната.
„Беа направени неколку стрес-тестови, и некои банки можат да го издржат кризниот период. Други не. Не сум убеден дека европските банки се толку силни колку што се чинат“.
Професор Рајан се сомнева и во способноста на членките на еврозоната да се зближат во уште поблиска пазарна унија.
„Крајната линија е дека тие сфаќаат дека нема волја да го направат она што е потребно за создавање на вистинска монетарна унија, заедно со фискална унија и особено трансферна унија, која би префрлала пари од богатите земји на сиромашните, која нема никаква поддршка во Германија“.
Вики Прајс, поранешен член на Владината економска служба на Обединетото Кралство
Вики Прајс вели дека отсекогаш била скептик за способноста на еврозоната да функционира како унија со иста валута, без политичка унија. Вели дека нејзините шанси за успех уште од самиот почеток биле 50/50, и сé уште е во таква состојба.
„Грчкиот излез не би сменил ништо. Монетарната унија секогаш ќе биде тешка, а јас отсекогаш мислев дека ќе ја отфрлиме ’натрапничката’ земја. Можноста за нестабилност веројатно ќе го турне еврото кон поголема интеграција, бидејќи беше оштетено од сé што се случи на европскиот пазар“.
„Еврото сепак ќе се соочи со проблемот на каматни стапки во Германија, која го сочинува економското јадро“.