
Малите Trakkies можат да се постават на голем број предмети, а апликацијата ќе го извести корисникот преку смартфонот, ако заборавил нешто од важните работи при излегувањето од дома. Апликацијата исто така ќе дава и прецизни насоки како да се стигне до заборавениот или изгубениот предмет.
Trakkies функционира преку Bluetooth конекција која комуницира со останатите предмети што го имаат гаџетот и го информира корисникот дека го напушта опкружувањето во кое се наоѓа некој од важните предмети со кој е поврзан.
Плановите се производот да се појави на почетокот на следната година, а неговата цена треба да биде 40 евра.
Погледнете како функционира: