Македонија наскоро ќе го добие првиот современ воз

Првиот од вкупно шесте современи патнички возови, што ги произведува кинеската компанија ЦСР за потребите на Македонски железници, е промовиран е во градот Џуџо.

Станува збор за првата троделена патничка електро-моторна гарнитура (ЕМУ) наменета за потребите на МЖ Транспорт АД.


На промоцијата присуствуваше и македонскиот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој престојува во дводневна посета на Народна Република Кина.

Согласно дговорот за набавка на возовите, склучен минатата година, предвидено е на Македонија да и бидат испорачани патнички гарнитури на возови од кои четири се дизел-моторни троделни парнички гарнитури (ДМУ) и два троделни електоро- моторни гарнитури (ЕМУ).

„Денеска е значаен ден за Република Македонија. За прв пат од независноста на државата успеваме да набавиме нови патнички возови. Најавите од пред неколку години станаа реалност. Првиот од вкупно шестте патнички возови што ги набавуваме е веќе произведен. Компанија ЦСР се погрижи да ги запази роковите и за тоа сум им многу благодарен. Другите пет возови треба да се произведат во договорените рокови и очекувам дека во Македонија ќе се испорачаат согласно договорот”, изјави министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.



Патничките гарнитури ќе бидат со вкупен капацитет од околу 1.200 патници (секоја гарнитура од околу 200 патници), ќе ги исполнуваат највисоките европски стандарди за превоз на патници, како во поглед на техничките карактеристики, така и во поглед на задоволување на стандардите за квалитетен превоз на патниците.

Истите ќе бидат целосно климатизирани, опремени со вакум тоалети, енергетски ефикасни и ќе ги задоволуваат сите безбедносни стандарди како и стандардите за превоз на лица со ограничена мобилност односно ќе бидат произведени согласно техничките стандарди за интероперабилност на Европската Унија.

„Имам уверување од производителот дека овој прв новопрозиведен воз во најскоро време ќе биде транспортиран до Република Македонија и тој веднаш ќе се стави во сообраќај. Исто така имам уверување дека останатите пет возови ќе бидат произведени и транспортирани во Македонија, согласно договорените рокови”, изјави Мисајловски.

Кинеската компанија ЦСР има обврска да ги испорача сите возови на почетокот на 2016 година. Вкупната инвестиција за набавка на шесте возови е 24.980.000 евра.

Во рамки на посетата министерот Мисајловски оствари средба и со гувернерката на провинцијата Хунан, Хуанг Линцианг.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О