Германија, Франција, Италија и Шпанија се државите на кои Грција им должи највеќе позајмени пари.
Освен на овие земји, Грција им должи 21,4 милијарди евра на Меѓународниот Монетарен Фонд, 18,1 милијарди евра на Европската Централна Банка, а долгот кон останатите држави изнесува 52,6 милијарди евра.
Берлин си бара назад неверојатни 68,2 милијарди евра, Франција 43,8, Италија 38,4, а Шпанија 25 милијарди евра.
Грција има вкупен јавен долг од вртоглави 323 милијарди евра.