Откако 22-годишната Мајли Сајрус дознала дека нејзиното поранешно момче, 22-годишниот Лиам Хемсворт има нова девојка, пејачката побрзала да го насочи целото внимание кон себе.

Мајли повторно се фотографирала и позирала топлес и со перика на главата, а градите ги покрила со лепливи ѕвездички.

Фотографиите веднаш ги споделила со своите фанови на Инстаграм, а истите ги пренел и британски Daily mail.

"Го рушам интернетот. Добро ср... доаѓа наскоро", напишала Сајрус во описот на фотографиите, за кои ангажирала непознати супермодели, односно мачка и куче, но не сакала да открие за што станува збор.
