Ја оставил преку порака, бремена, после ергенска вечер – Еве што направила таа

Многумина ја осудиле поради нејзината одлука, но таа не ја променила.

Измеѓу Лорејн Динин (31) и нејзиниот свршеник Џејмс (33) работите не можеле да бидат подобри (барем нејзи така ѝ се чинело).

Парот се забавувал веќе подолго време, а дури три години се обидувале да добијат дете. Сепак, постапката на вештачко оплодување се исплатила и Лорејн конечно успеала да забремени, пишува „Daily New 5”.


Подготовките за венчавката долго траеле и таа била во осмата недела од бременоста кога требало да го изговори судбоносното „да“. Сè било подготвено, црквата, приемот, фотографот, па дури и резервациите за меден месец.



Џејмс наместо обична ергенска вечер, испланирал тридневно забавување со неговите 30 другари. Лорејн не била воопшто загрижена, напротив, ѝ било мило што тој ќе се забавува со пријателите. Тој уредно ѝ се јавувал додека бил со нив, Лорејн главно слушала музика во позадина и среќен глас на нејзиниот иден сопруг, што ѝ било доволно за да биде задоволна.

Кога се вратил, Џејмс почнал да ја бакнува уште од вратата, просто не можел да ги тргне рацете од неа, ѝ ја направил омилената вечера и таа ноќ воделе љубов.

Утредента сè се променило. Додека била на пауза од работа, ѝ стигнала порака од Џејмс. Тој ѝ напишал дека смета дека нивната врска не функционира, дека не треба да бидат заедно и дека тој ќе биде кај неговата мајка.

Лорејн тоа не можела да го прифати и упорно барала причина за раскинувањето која тој не сакал да ѝ ја даде. Отишла на неговиот профил на Фејсбук и открила дека тој се допишувал со некоја девојка. Се испоставило дека со неа ги поминал оние денови кога бил на ергенски викенд.

Лорејн ѝ испратила порака на девојката во која ѝ кажала дека Џејмс има свршеничка и дека е бремена. Набрзо после тоа, Џејмс ѝ се јавил на Лорејн, бесен што на љубовницата ѝ ја открила неговата тајна.

Поминале три месеци во кои не се слушнале, но таа одлучила да му се јави за да се договорат за обврските околу детето. Една средба, па друга, и нивните гледања на крајот се претвориле во состаноци, а недолго после тоа повторно почнале да се забавуваат.

Пред да се породи, Џејмс и Лорејн официјално биле заедно, иако многу нејзини пријатели и семејството биле против тоа. Парот се венчал, а подоцна добиле уште едно дете.

Лорејн е убедена дека Џејмс е оној вистинскиот, и покрај сè што се случувало, таа тврди дека никогаш не биле посреќни.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О