Куба успеа да го елиминира пренесувањето на ХИВ вирусот од мајка на дете

Куба уште еднаш покажа дека нејзиниот одличен систем на здравствено осигурување треба да се почитува и да служи како пример, откако стана првата земја која доби потврда од Светската здравствена организација дека успеала да ја елиминира трансмисијата на ХИВ и сифилис од мајката на бебето.

Иако терминот „елиминација“ може да ве наведе да верувате дека овој вид на трасмисија е сосема уништен, тоа не е неопходен услов за валидација од страна на Светската здравствена организација. Наместо тоа, земјата треба да покаже дека забележала помалку од 50 инфекции преку овој пат на пренесување од вкупно 100.000 раѓања во текот на барем една година. Но, Куба ги надминала овие барања: во 2013 година, само две бебиња биле родени со ХИВ, а само пет со сифилис.

„Елиминирањето на пренесување на вирусот е едно од најголемите достигнувања на јавното здравство“, вели генералната директорка на СЗО, Маргарет Чен. „Ова е огромна победа во нашата долга битка против ХИВ и сексуално преносливите инфекции, и важен чекор кон добивање на генерација во која нема СИДА“.

Ширум светот, има 16 милиони жени заразени од ХИВ вирус, и секоја година 1,4 милион од нив остануваат бремени. Ризикот на пренесување на вирусот на бебето е само околу 1 посто, доколку се примаат анти-ХИВ лекови на местата каде може да дојде до инфекција. Но, ако жената остане нелекувана, има околу 45 посто поголема шанса дека детето ќе се роди инфицирано или ќе се инфицира за време на доењето.

Со цел да се намали трансмисијата на вирусот од мајката на детето, во 2010 година беше започната иницијатива која го подобри пристапот на тестирање и лекување на ваквите инфекции, преку применување на царски рез и замени за мајчиното млеко. Ваквите услуги, кои се дел од универзалниот здравствен систем на Куба, се имплементираат и во неколку други земји и покажуваат дека помогнале во глобалната цел – помалку од 40.000 инфекции годишно.

Иако Куба е првата земја која добила марка за валидација од СЗО, тоа не значи дека и други земји не го достигнале овој статус на елиминација. И САД и Канада досега елиминирале голем дел од пренесувањата на овој вирус од мајка на дете, но не добиле валидација.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О