Ова се најубавите неоткриени места на планетата




Иако зборот „неоткриени“ е по малку несоодветен од причина што речиси се` е откриено, има некои туристички дестинации кои малку поретко се наоѓаат на рутите на патниците. Овие се некои од нив, а едно нешто им е заедничко на сите – тие се меѓу најубавите места на светот.

Нова Гвинеја



Овој остров кој е втор по големина во светот, се наоѓа во западниот дел на Пацификот, северно од Австралија. По должината на централниот гребен се издигнуваат величествените Папуански Алпи (Папуа Маоке), високи повеќе од 5.000 метри. Во подножјето се најтоплите екваторски прашуми, додека нивните врвови ги покрива снег. На овој шумски остров растат окоу 11.000 видови растенија, од кои само 2.500 се видови на орхидеи.


Кањонлендс, Јута, САД


Ова е еден од 58 национални паркови сместени на територијата на САД. Се протега на површина од 1.366 километри квадратни, а се состои од многу кањони направени од реките Колорадо и Грин и нивните притоки. Она што е заедничко за сите овие делови на паркот е пустинската атмосфера, но сепак секој од нив е единствен.


Хај Сиера, Калифорнија


Планинскиот предел на далечниот исток од Калифорнија изобилува со многу природни атракции. Во нив се вбројуваат националните паркови Yosemite, King's Canyon и Sequoia во кои се наоѓаат највисоките и најстарите стебла на светот. Областа долж границата со Невада е место на светски познати ски-центри во текот на зимата, и фестивали во летните месеци.


Киларни парк, Канада


Според многумина, ова езеро кое се наоѓа во Онтарио е едно од најубавите во светот. На само 6 часа возење од Торонто, го опкружува прекрасна канадска шума, а само езерото може да се пофали со кристално чиста вода и снежно бели камења.


Ханалеи, Хаваи


Ханалеи е еден од најоддалечените острови на Хаваи каде што живеат само околу 450 луѓе. Тоа е популарна дестинација за многу туристи, но и режисери кои се во потрага по сценографија за снимање на разни филмски хитови.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О