Пратениците бараат повеќе пари за плати и надоместоци

22,3% поголем буџет бара Собранието за следната 2016 година. Согласно предлог- буџетските барања за 2016 година, кои денес беа преставени пред буџетскиот совет во парламентот, народните избраници бараат вкупен буџет од 813.130.000 денари, односно 13,2 милиони евра.

Буџетот на Собранието за оваа (2015) година изнесува 11,2 милиони евра, односно 2 милиони помалку од она што тие го бараат за следната година.

Според предлог- буџетот, за плати и надоместоци за 2016 година, пратениците бараат 299.890.000 денари, односно 4,9 милиони евра. Тоа е зголемување за 200.000 евра од годинава, кога за плати и надоместоци имаат на располагање 4,7 милиони евра.

Дополнителни средства од Собранието бараат и за канцелариите за контакт со граѓаните, за доградба на собраниската зграда, како и за ограда на објектот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О