Репрезентативецот на Италија и напаѓачот кој изминативе две сезони го носеше дресот на Саусуоло, Симоне Заза и официјално е нов фудбалер на италијански Јувентус.
Поранешниот фудбалер на Атланта и Сампдорија успешно ги поминал лекарските прегледи и од идната сезона ќе го носи дресот на „Бјанконерите“. Од таборот на Јувентус потврдија дека бил постигнат договор - вредноста на трансферот на Заза изнесува 12,75 милиони евра, а италијанскиот репрезентативец потпишал петгодишен договор.
Во меѓувреме, се шпекулира дека Торино ќе го напушти стоперот Ангело Огбона кој најверојатно во следните неколку дена ќе го засили лондонски Вест Хем.
Официјализирање на трансферот на Огбона се очекува во следните неколку дена, а англискиот клуб на Јувентус за неговиот трансфер ќе им исплати околу 10 милиони евра.