Робин Ван Перси се сели во Фенербахче

Агентот на холандскиот напаѓач веќе неколку дена бил во Истанбул каде што преговарал со најголемите турски клубови за трансфер на неговиот клиент.

Како што пренесуваат турските медиуми, Робин Ван Перси е нов играч на Фенербахче! Само неколку часа откако Холанѓанецот одбил трансфер во Бешикташ, напаѓачот на Манчестер Јунајтед сепак се согласил да се пресели во Турција, но во екипата на Фенербахче.

Агентот на Холанѓанецот веќе неколку дена во Истанбул преговара со најголемите турски клубови. Најпрвин пропаднал договорот со Галатасарај поради високите барања на Ван Перси. Потоа самиот Ван Перси ги одбил Бешикташ, за да клучната улога за неговото согласување да настапува Фенербахче ја имала неговата сопруга. Наводно Дирк Кајт ја убедил дека ја очекува прекрасен живот во Истанбул.



Робин Ван Перси пристигна во Манчестер Јунајтед во 2012-та година од Арсенал за 30 милиони евра, а во дресот на „Црвените Ѓаволи“ одигра 86 натпревари и постигна 48 гола.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О