Бундес лигата ги менува термините на натпреварите

Од сезоната 2017/18 најверојатно ќе има промена на термините на одигрувањето на натпреварите во германската Бундес лига.

Предлогот постои, меѓутоа одлуката се уште не е донесена, иако германските медиуми тврдат дека постои голема можност да бидат променети термините.

Сепак, најпопуларниот термин во сабота од 15:30 часот кој е на сила од 1967-ма година нема да биде сменет, но затоа ќе бидат сменети некои други термини. Како што пренесува "DW", постои предлог два натпревари во недела да бидат одиграни во 13:30, наместо во 18:30 часот, односно натпреварот кој се игра во петок да биде поместен за понеделник.



Најголемиот дел од натпреварите ќе се играат во 15:30 часот (158 од 306 натпревари), а саботата навечер ќе биде резервирана за дербито на колото. Како и да е, одлуката за промена на термините ќе биде донесена дури во февруари идната година.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О