Северна Кореја важи за една од најизолираните земји на планетата, но без разлика на тој факт, сега сите кои сакаат може да "прошетаат" низ оваа земја, благодарение на напредната технологија, пишува Telegraf.rs.
Имено, ЈуТјуб од неодамна поддржува видео-снимки снимени во 360 степени. Тоа значи дека гледачите во секој момент можат да се свртат во сите правци и од друг агол да гледаат што снимил творецот на видеото.
Арам Пан оваа технологија ја искористил за да го сними својот пат во Северна Кореа. Тој ги посетил сите значајни места на оваа изолирана земја, а како изгледало тоа може да видите на снимката.
Ви предложуваме оваа снимка да ја гледате преку вашиот паметен телефон, бидејќи со движењето на телефонот го менувате и аголот на гледање.