Тој е незадржлив, чуварите немоќни: Како побегнал од затвор најмоќниот дилер во светот?!

Осумнаесет луѓе биле префрлени во Мексико Сити за да го истражуваат бегството на Гузман, рекол комесарот за национална безбедност.

Мексиканските власти откриле тунел со должина поголема од 1,5 километри, кој кралот на дрогата, Хоакин "Ел Чапо" Гузман го искористил за да побегне од затворот со високо обезбедување, соопштил вчера комесарот за национална безбедност на Мексико, Монте Алехандро Рубидо.

Тунелот, чиј почеток се наоѓал во неговата ќелија, водел до една зграда надвор од затворот, рекол Рубидо на конференцијата за новинари. Осумнаесет луѓе биле префрлени во Мексико Сити, за да го истражуваат бегството, пренесува Reuters.

 Вчера властите соопштиле дека Гузман, лидер на моќниот картел Синалоа повторно побегнал од затворот на периферијата на Мексико Сити. Тоа е негово второ бегство во период од 14 години од затворот Алтиплано, на 90 километри западно од Мексико Сити.


Наркобосот бил снимен од безбедносните камери последен пат завчера пред да исчезне, соопштила мексиканската Комисија за национална безбедност.


"Операцијата за негово лоцирање започнала од затворот, и на патните правци кон соседните држави", навела Комисијата, додавајќи дека биле суспендирани сите летови од аеродромот "Толука".
















ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О