Вработени во елитни јахти ги открија валканите тајни на богаташите

Можеби имаат многу пари и луксузни играчки, но и за нив може да се раскажат многу непријатни работи поврзани со стилот на живеење. Вработените од најелитните јахти во светот имаат сочни приказни за луѓето кои работат, пишува Daily Mail.



Милијардерите на јахтите се толку слободни што од своите вработени бараат да ги подготват нивните секс играчки, се фалат со проститутките што ги носат на бродот, прават зделки поврзани со дрога и други работи.

Капетанот на еден таков брод за Sunday Times анонимно раскажа што се случува на овие јахти. Тој вели дека проститутките обично се довезуваат во неколку мерцедеси, а потоа мажите бираат по три од нив со кои ќе го минат денот или ноќта. Најчесто станува збор за девојки од Летонија и Русија.

На бродот има и доктори кои им дозираат вијагра или некој вид на илегална дрога.



„Сè се врти околу тоа, дрога, проститутки и малтретирање на вработените“, раскажува капетанот чиј идентитет не се открива, туку во текстот е познат како Ден.

Но, не се сите богаташи исти. Ден минатата година заработил повеќе од 29.000 евра само од бакшиш. Слично искуство има и Тебе Рингиер која на јахта работи веќе четири години. Таа вели дека на крајот на патувањето некои сопственици на јахта ѝ подаруваат скапи подароци, односно ѝ даваат бонуси. Исто така вели дека претходно ѝ подарувале Hermes паричници, iPad и очила. Еден арапски сопственик на крајот на летната сезона на персоналот им дал на користење мерцедес.



На прашањето дали сведочела на зделки со дрога или непријатни секс сцени, таа вели дека сето тоа е најнормален дел од работата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О