Без разлика колку и да се чувствувате уморно додека се возите со автобус или воз, сигурно не се чувствувате потешко од некоја бремена жена која можеби стои веднаш до вас. Талентираниот дизајнер Шијанг Хе од Шангај направи интересни илустрации за компанијата Yili Milk во Кина, со кои ги охрабрува луѓето да им дадат предност за седење на бремените жени.
Иако во јавните превози најчесто има знаци кои покажуваат кои седишта се наменети за мајки со деца и бремени жени, сепак не е лоша идејата да се постават и вакви слатки постери кои ќе ги потсетуваат луѓето кој навистина има поголема предност.