Имено, Ѓоковиќ на натпреварот на Вимблдом што се случи во вторникот, во момент на нервоза бесно извикна „пешкир!“ во насока на девојчето.
Гледачите во близина на девојчето велат дека била очигледно потресена по настанот, но српскиот тенисер уверува дека била во ред.
„Разговарав со девојчето, таа рече дека нема проблем. Се извинив ако направив нешто. Не беше насочено кон неа. Беше момент на битка, се свртев и викнав. Жал ми е што таа беше таму во тој момент. Девојчето е комплетно во ред“, уверува 28-годишниот Новак.
Тенисерот вели дека и тој некогаш бил на местото на овие тинејџери и дека го почитува она што го прават тие на теренот.