Шпански „АС“ пренесува дека трансфер-сагата околу Серхио Рамос наскоро може да заврши. Наводно деновиве Серхио Рамос се договорил со управата на Манчестер Јунајтед за негов трансфер на „Олд Трафорд“ и сега се чека само на Давид Де Хеа кој ќе замине во обратен правец.
Шпанските медиуми тврдат дека деновиве преговорите помеѓу двете страни биле со голем интензитет и 29-годишниот Серхио Рамос е се поблиску до Јунајтед.