Никола Тесла ги предвидел паметните телефони уште во 1926 година

Никола Тесла во едно интервју од 1926 година со голема прецизност ја опишал денешната технологија и паметните телефони.

Никола Тесла е еден од најголемите научници на сите времиња. Тесла бил физичар, инженер по механика и електротехника, пронаоѓач и визионер, а колку бил генијален овој човек покажува и фактот дека пред речиси 100 години, поточно во 1926 година, ги предвидел модерните паметни телефони, пишува српски Телеграф.


Имено, Тесла во интервју кое го дал за Џон Б. Кенеди во 1926 година, дал една многу интересна изјава.

„Кога бежичната технологија ќе се прошири низ целиот свет, планетата Земја ќе се претвори во еден „голем мозок“, што во суштина и е. Ќе можеме да комуницираме меѓусебе кога и да посакаме, без оглед на оддалеченоста.



И не само тоа. Со помош на телевизијата и телефонијата ќе можеме да се гледаме и слушаме едни со други како да се наоѓаме едни покрај други, без оглед на оддалеченоста која може да биде и од неколку илјади километри. Инструментите кои ќе ни го овозможат тоа ќе бидат толку мали, што ќе можеме да ги носиме во џеб“, рекол Никола Тесла во една прилика.

Неверојатно е тоа со колкава прецизност ја опишал денешната технологија и паметните телефони.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О