Канадска манекенка во борба против терористи: Видов многу ужасни работи!

46-годишната Тајгер Сан се откажала од комфорниот живот во Канада и заминала во Сирија. Таму им се приклучила на курдските трупи во борбата против терористите од Исламската држава.

"Пред очите ми умре девојче кое беше разнесено од мина. Луѓето гинеа насекаде околу мене, а јас се обидував да бидам силна". Со овие зборови канадската манекенка ги опишува месеците минати на бојното поле, кои го промениле нејзиниот живот.



Трогната од приказната за женската воена единица на Пешмерга, Тајгер одлучила да го напушти семејството во Ванкувер и да им се приклучи на курдските герилци. Во Сирија била распоредена на место извидник, а задачата ѝ била да ја набљудува околината низ двоглед и да ги известува снајперистите за движењето на терористите.

"Бев сведок на работи кои не можев ниту да ги замислам. Еднаш згазнав на прст, а не можев да го пронајдам телото на кое припаѓаше", рекла манекенката.

Таа во Сирија отпатувала преку Ирак. Без никаква физичка подготвеност и обука за ракување со оружје, веднаш била фрлена во битка. Добила едноставно упатство - "види терорист - убиј терорист" и слепо го почитувала.

"Првите недели беше најтешко, а подоцна видов многу ужаси и се навикнав. Еднаш ручав покрај мртви тела и воопшто не им обрнував внимание", рекла таа.
Канаѓанката поради здравствени проблеми пред две седмици морала да се врати дома. Иако минала низ вистински пекол и ослабела дури 15 килограми, таа веќе размислува за повторно заминување во Сирија.


"Стекнав многу пријатели кои ми недостасуваат. Загрижена сум за нив. Мислев дека во борбите нема да издржам ниту ден, а се воспостави дека уживам во борба", рекла Тајгер.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О