Луксузните услуги како приватни базени и личен батлер, се само дел од широкиот асортиман на услуги кои ги нуди "Oberoi". За оние со премногу длабок џеб, се разбира.
Во грандиозното здание на хотелската палата се пристигнува со приватен брод преку езерото Пичола. Целиот хотел е инспириран од традиционалната индиска архитектура, во која влегуваат и карактеристичните куполи.
За целиот луксуз дополнително придонесуваат фонтаните и рајските градини, кои на хотелскиот имот ги има премногу, пишува Business Insider.
Целиот концепт е заснован на апсолутен мир и спокој за гостите, кои добиваат третман достоен за индиските владетели.