Independent: Срамно однесување на Македонија, праќа силеџии на границите да се ослободат од Арапите

Во колумна за Independent, авторот Роберт Фиск ја опишува ситуацијата со бегалците на македонско-грчката граница, нарекувајќи ја „срам на прагот на Европа“.

Дојдов во Грција да пишувам за срамот на Европа – можното излегување на земја-членка на Европската унија од големата повоена заедница на континентот. Но, го најдов срамот на Европа на границата помеѓу Грција и Македонија, кога група млади луѓе од Алепо ми ги покажаа раните, модринките и исечениците кои им ги нанеле македонските погранични силеџии.



Нема да ги наречам чувари, иако на униформата им пишуваше дека се полицајци. Некои од нив беа полуголи, сончајќи се на паузите помеѓу тепање на бегалците од Сирија. Некои носеа палки. Други си зборуваа на телефон. А пред нив, наредени на железничките линии, на крајот од патот, пикнати во полињата со сува трева, се наоѓаа Арапите.

Мажите и жените на Доктори без граници се движеа меѓу нив, покажувајќи ја хуманоста која Европа нема да им ја даде. Имаше храна, питка вода и фластери, и претпоставувам дека тоа беше знак дека нема сите луѓе од Европа да им го свртат грбот додека најмногу им треба помош. Но, тоа беше место за солзи.

Мажите и жените од Сирија, претежно од Алепо, патуваа заедно. Се жалеа од ограбувачи по патот. Имаа водичи кои исто така беа од Сирија, но беа криумчари на луѓе. Некои од нив беа од Пакистан.

Многумина од нив рекоа дека изоделе стотици километри пеш. Ова беше еквивалент на бегалците кои потонаа во брод во Средоземјето. Но, овие не потонаа, но тонеа во очај – да стигнат до една европска држава: Германија. Еден ирански бегалец добро ја опиша нивната несреќа.



„Погледни ме“, велеше на еден од припадниците на невладините организации. „Знам дека сакаш да ни помогнеш и да ни донесеш вода. Знам дека си добар. Но, може ли нешто да се направи за овие луѓе? Тие се невини. Не направиле ништо погрешно. Бегаат од војна и смрт“.

Македонците не можат да ги спречат овие илјадници бегалци кои доаѓаат од Грција – земја во која никој од нив не сака да остане. Ниту пак сакаат да одат во Македонија. Ниту во Србија, која е исто така на нивната траекторија. Не сакаат ниту во Унгарија, бидејќи таа го гради својот озлогласен ѕид. Сакаат во Германија, земја која во моментов се справува со други, очигледно поголеми грижи.

Што треба да направиме како човечки битија, прашав една од докторките. Таа не знаеше да ми одговори.

„Сé што можеме да направиме е да се грижиме за нив таму каде што ќе ги пронајдеме. Имаме луѓе и во Македонија“. Тоа е точно. Можеме да ги храниме, да им најдеме место да се искапат. Но ЕУ не ги сака. Зависи, секако, од тоа колку се обвинуваме себеси за сето тоа.



Ако имаше правда во Блискиот исток, ако одбиевме да ги поддржуваме војните и инвазиите на други земји, сигурно овие луѓе не ќе беа овде. Речиси сите беа муслимани – еде Сириец пешачел по целиот пат со 33 членови на неговото семејство. Имаше бебиња стари само еден месец.

А сепак, ние сме шокирани од суровоста на ИСИС и нивните убијци. Не, не можеме да се оправдуваме со тоа дека ИСИС ќе дојдат и ќе ни се одмаздат за сé. Нели се некои од борците на ИСИС и самите од Европа? Но, секако има поврзаност, и стоејќи во обраснатите полиња се чудам колкумина од овие луѓе ќе се сеќаваат како сме ги третирале целиот нивен живот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О