Последна понуда: Меркел на Грците ќе им прости дел од долгот, но под овој услов

Германската канцеларка Ангела Меркел, ќе предложи на Грција да ѝ биде простен дел од долгот, но Атина да ја напушти еврозоната, пренесува тиражниот таблоид "Bild".

Весникот наведува дека нема да има нов пакет финансиска помош за Грција, односно дека Германците повеќе не сакаат да учествуваат во било какви нови кредитни системи за Атина.



Ангела Меркел, како што оценува Bild, е подготвена да понуди простување на дел од долгот и да ја повика ЕУ да им помогне на Грците преку хуманитарни донации, а во обновата на економијата, Атина ќе ги има на располагање европските фондови.



Како што сега се шпекулира, Меркел смета дека грчкото враќање на драхмата е исплатливо, со оглед на тоа дека послаба валута би значела полесен извоз на грчката роба и зголемен број на туристи, што би овозможило отворање на нови работни места.



Медиумите веќе најавиле дека грчкиот премиер Алексис Ципрас, денес на состанокот со шефовите на еврозоната ќе го претстави новиот предлог за решавање на грчката криза, кој наводно, вклучува барање на Грција да ѝ се отпише 30 проценти од долгот.



Меѓутоа, грчкиот весник Katimerini наведува дека од 18 премиери и шефови на држави, дури 16 се против отпишување на долговите. Тие сакаат Грција да биде исфрлена од монетарната унија.



Најблиски сојузници Ципрас би можел да пронајде во премиерите на Франција и Италија, Мануел Валс и Матео Ренци, кои сe уште сакаат да постигнат договор, дури и доколку тоа вклучува отпишување на грчките долгови.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О