Шокантно признание на славниот актер: Ѝ дадов дрога, а потоа ја силував

"Дојде во бекстејџот, а јас ѝ дадов седативи. Имавме секс, беше прилично пасивна", раскажал Бил Козби.

До сега неколку жени го обвиниле славниот комичар Бил Козби за силување, а сега за прв пат се појавил судски документ кој покажува дека познатиот актер признал дека дрогирал и злоставувал барем една жена, пишува BBC.


Како што наведува BBC, во документите од судењето на Козби од 2005-тата година, актерот изјавил дека на извесна Андреа Костанд ѝ дал три седативи "бенадрил", а потоа имал секс со неа, пренесува Telegraf.rs.



Ова е само дел од приказната во која речиси 40 жени во минатите четири децении го обвинувале Козби за силување, меѓутоа, тој никогаш не завршил во затвор бидејќи сите процеси биле завршени со договор.

Сè почнало во далечната 1977-ма година, кога една танчарка од Лас Вегас го нарекла актерот монструм, и им раскажала на медиумите дека ја злоставувал.

Меѓутоа, сега прв пат можеме да слушнеме и што рекол Козби за овој случај.

"Ја запознав во Лас Вегас. Дојде во бекстејџот, а јас ѝ дадов седативи. Имавме секс, беше прилично пасивна, но беше симпатична. Беше добро воспитана, и се однесуваше подобро од другите. Мислам дека беше многу среќна што се најде во тоа шоу-бизнис окружување", изјавил Козби пред судот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О