Му објаснил: Говорот кој го посрамил грчкиот премиер

Лидерот на групацијата на либерални европски партии во ЕП и поранешен премиер на Белгија, Гај Верхофштат, предупредил дека Европа "месечари кон "Grexit"", односно излез на Грција од еврозоната, и го нападнал Ципрас затоа што досега не претставил детални реформи кои би ги применила официјална Атина.

"Изборот е многу едноставен - дали сакате да ве запаметат како безначаен премиер или како вистински револуционер кој ја модернизирал својата земја", истакнал Верхофштат.


Тој потоа го претставил сопствениот план реформи за Грција, предложувајќи ставање крај на политичкиот клиентелизам, односно крај на партискиот кронизам и наградување на лојалните луѓе со работни места, намалување на бројот на луѓето во јавниот сектор и укинување на привилегиите за војската, грчката православна црква, жителите на грчките острови и политичките партии.
По говорот на поранешниот премиер на Белгија, Алексис Ципрас за прв пат покажал знаци на нервоза, и наместо карактеристичната насмевка, покажувал загрижен, и по малку посрамен израз на лицето.

 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О