Полицијата објави дека го пронашле телото на детето, исчезнатиот Патрик Фогадиќ(5), во езерото во близина хидроцентралата Марине Прелог.
На земјениот насип, висок половина метар може да се забележат трагите од ударот, а 30 метри подолу има препознатливи траги од слетување и делови од автомобилски амортизери.
На езерото беше присутен и таткото на Патрик, Валентин Фогадиќ, истрчал на брзина од возилото на брзата помош и скокнал во езерото, викајќи: “Патрик! Патрик!”.
Ивана заедно со Патрик во понеделникот во 2 часот наутро со автомобил марка Opel Astra, регистарски таблички 783 TC-GC, го напуштила семејниот дом во Тотовац во близина Чаковец. Последната нејзина локација била забележана преку телефонот кој го користела во близина на Ораховац.