Запознајте го ужасното село на смртта: Во куќите има мртви луѓе кои изгледаат како да се живи

Жителите на полуостровот Јужен Сулавеси во Индонезија се претежно христијани, но без оглед на тоа, многумина од нив негуваат анимистички погледи кон смртта, кои се карактеризираат со испраќање на мртвите низ специфични ритуали и церемонии.



Градот Тана Тораџи на полуостровот Јужен Сулавеси во Индонезија има куќи чии кровови потсетуваат на чамци, а на надворешните ѕидови има наредено рогови од бизони кои симболизираат богатство. Она што дефинитивно е најчудно се куќите „тангконан“ кои се резервирани за смртта.


Жителите на овој полуостров се претежно христијани, но без оглед на тоа, многумина од нив негуваат анимистички погледи кон смртта, кои се карактеризираат со испраќање на мртвите низ специфични ритуали и церемонии.





„Тангконани“ се семејни куќи во кои никој не живее, туку во нив се чуваат балсамирани тела на покојници, додека семејството не собере доволно пари за погреб. Во периодот пред погребот, семејството на починатиот смета дека тој се` уште е жив, но болен, па често го пресоблекуваат и му носат храна.



Кога ќе се соберат средства за погребот, на него доаѓа поширокото семејство и други жители во регионот и носат подароци кои ја симболизираат жртвата. Се зборува дека во некои места на телото се фрла магија, па мртовците стануваат и сами одат до своите гробови, како зомби.


Жителите на Тана Тораџи цврсто веруваат во задгробниот живот, па своите покојници ги погребуваат во пештери со алати кои ќе им бидат „неопходни“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О