Подарокот на боливискиот претседател Ево Моралес е реплика од крстот кој го изработил Луис Еспинал, кој бил убиен од боливиската диктатура во 1980-тата година. Еспинал го замислил како симбол за потреба од христијанско-марксистички дијалог со работниците и земјоделците.
Моралес, левичарски популист, му го предал крстот на папата во средата за време на неговата посета на Ла Паз, а тој од истиот бил видно шокиран, пишуваTelegraph.co.uk.
Папата пред тоа се помолил на местото на кое Еспинал бил убиен, на автопатот помеѓу Ел Алта и Ла Паз.
"Тоа било дело на Еспинал", рекол во четвртокот портпаролот на папата Федерико Ломбарди, без никакви дополнителни коментари.
"Не е моја работа да размислувам за потезите на претседателот Моралес", рекол тој.
"Папата дефинитивно не очекуваше таков подарок, тоа е јасно", признал портпаролот.