Исламисти специјалци: Вооружени до заби, ги користат песочните бури како маски и освојуваат сè пред себе

Терористите од редовите на ИСИС се познати по бруталноста и борбата со сите можни средства, но специјалната единица во рамките на ИСИС, ги одвела работите до екстрем.

"Елитните трупи", престојуваат во градовите, со намера да убијат што е можно повеќе луѓе. Снајперите се кријат на дрвјата, а кога ќе им се потроши муницијата, се креваат во воздух со помош на бомбата која ја носат на појасот, надевајќи се на максимална штета.

Минатиот месец, група од 70 специјалци од ИСИС се инфилтрирала во Кобане, облечена во униформа на Пешмерга. За два дена на тој начин убиле повеќе од 230 цивили, вклучувајќи околу стотина деца.



"Не планираа да го напуштат градот живи. Изгледа сакаа да одат во рајот", рекла Галија Неме, командантка на женската единица на курдски герилци, пренесува Daily Mail.

Специјалците станале неизоставен дел од стратегијата на ИСИС во текот на минатите месеци. Познати се под името "ингемасиун" што на арапски значи "оние кои влетуваат".





Фанатични и дисциплинирани, тие ги користат песочните бури како маска за непречено движење. Офанзивите често ги започнуваат со повеќе координирани самоубиствени напади, со цел да ја пробијат првата одбранбена линија.



Борците од "елитните редови" често имаат по околу 18 години. На таа возраст веќе ракуваат со оружје како вистински професионалци, со оглед на тоа дека се обучуваат уште од мали нозе.



Тие кои заспиваат на работа, или пак не се покажуваат добро на бојното поле, завршуваат како бомбаши самоубијци, а тоа го гледаат како чест, а не како казна.



"Луѓето се приклучуваат во ИСИС со желба да умрат, а таа организација им помага во тоа", вели Патрик Скинер, кој некогаш работел за ЦИА.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О