Подготовки за свадба: Ана Ивановиќ и Швајнштајгер на Мајорка

Германецот ја теши својата свршеница од Србија после поразот на Вимбдон во нејзината вила, каде се одвиваат и последните подготовки за свадбата, која според информациите на српски Блиц ќе се одржи во август.

Ана Ивановиќ (27) го заврши турнирот на Вимблдон со пораз, иако имаше голема поддршка од свршеникот Бастијан Швајнштајгер (30).

Иако нивната веридба беше поинтересна за медиумите од почетокот на најголемиот тениски турнир на трева, Ана не можеше долго да ужива во славата бидејќи излезе во второто коло.



После краткото задржување во Србија, парот се упатил на Мајорка. Ана таму има раскошен имот и вила, во која моментално се на одмор и подготвуваат свадба.

Парот планира да стапи во брак во август.


„Швајни и Ана сакаа да се венчаат во септември, но тогаш им започнуваат обврските. Затоа решија веселбата да ја организираат во август во Србија, но и во Германија. Швајнштајгер е познат како човек кој организира добри забави, па нивната свадба нема да биде вообичаена, туку тематска“, вели изворот.

Ана и Бастијан уште не го одбрале местото на кое ќе го изговорат судбоносното „да“. До тогаш парот ќе ужива на Мајорка, а најмногу време поминуваат на терасата со поглед кон брегот, со што Ана се пофалила на Твитер.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О