Новиот пакет мерки напишан на 13 страни, кој грчката влада го предала на еврогрупата, излегува во пресрет на барањата на меѓународните кредитори Атина да ги зголеми даноците и да го намали државниот трошок на пензиите.
Грција за возврат од кредиторите ќе очекува 53,5 милијарди евра, со кои до крајот на јуни 2018. година би ги покрила обврските за отплата на долговите, пренесува Reuters.
Syriza has accepted terms rejected by the Greek people in the Referendum. Unless he gets debt relief, can't see how he can sell this
— A Evans-Pritchard (@AmbroseEP) July 10, 2015
Тие мерки, кои вклучуваат зголемување на даноците за бродарските компании и укинување на даночните олеснувања за островите, треба да ги исполнат условите за нов договор со кредиторите, кој би ја спасил Грција од банкрот и би ја задржил во еврозоната.Владата исто така планира да го зголеми данокот на дополнителна вредност за ресторани и хотели, да започне со реформи во пензискиот систем, како и да одреди цврст рок за започнување на големи приватизации.
На тој начин грчката влада ги прифатила сите барања кои претходно ги одбивала, во главно преместувајќи разни категории на роба и услуги на повисока даночна стапка.
Грчката влада исто така се обврзува до крајот на октомври да објави датуми кога ќе распише тендери за приватизација на железниците и пристаништата во Пиреја и Солун.
Исто така, Грција ќе преземе чекори за приватизација на регионалните аеродроми и продажба на државните акции во грчкиот Телеком.
Покрај тоа, Атина ќе ги намали и трошоците во одбраната.
Грчкиот дневник Katimerini објавил дека владата во Атина планира да го примени пакетот реформи "тежок" 12 милијарди евра во наредните две години, што е најмногу во однос на претходно предвидениот износ на потребни средства за неутрализирање на последиците за враќање во рецесија, по неколкумесечните тешки преговори со кредиторите.
Документот содржи и стари барања на кредиторите за зголемување на даноците на дополнителна вредност и намалени средства кои се издвојуваат за пензии. Грција предложила и реструктурирање на својот долг и пакет мерки за поттикнување на економски раст вреден 35 милијарди евра, пишува весникот.
Никос Филис, портпарол на пратеничкиот клуб на владејачката Сириза, утрово рекол дека оваа партија ќе ја поддржи владата во преговорите со кредиторите.
Грчкиот министер за внатрешни работи, Никос Вуцис изјавил дека е оптимист и дека државата ќе постигне "добар договор" за условите за добивање на финансиска помош.
"Ние сме оптимисти и очекуваме добар договор. Ќе разговараме за договорот, и јас сум оптимист во врска со тоа дека се ќе мине во најдобар ред", рекол Вуцис пред новинарите, пред состанокот на пратениците од редовите на Сириза.
Премиерот Алексис Ципрас побарал денес да се одржи вонредно гласање во собранието за тоа дали ова тело ги поддржува преговорите за листата "приоритетни потези", односно мерки кои неговиот кабинет ќе ги преземе за да се постигне договор со кредиторите.
На прашањето дали ќе има договор, портпаролот на пратеничкиот клуб на Сириза, Никос Филис, рекол за новинарите: "Секако. Денес имаме расправа во парламентот".
Владата, исто така, новите пензиски реформи ги најавува веќе за октомври оваа година.
Доколку европските партнери бидат задоволни, пакетот мерки на грчкиот премиер Алексис Ципрас би можел да биде прифатен на вонредниот самит на лидерите на ЕУ во недела.
Во спротивно, на Грција ѝ се заканува излез од еврозоната.