Дали водата може да се расипе?

Ако сте се напиле од вода што била оставена во шише или чаша преку ноќ, сигурно сте го забележале чудниот вкус и сте се запрашале да не се „расипала“ на некој начин. Ова не е плод на вашата имагинација, туку станува збор за чиста хемија.



Доколку водата била оставена во чаша и дојде во контакт со воздух, апсорбира CO2 и многу мал дел од тоа се претвора во јаглеродна киселина. Потоа хемиската реакција продолжува, а на крај водата останува со намалена PH вредност, а со тоа се менува вкусот на истата. Водата собира прашина од стоење, што исто така во мал дел е виновно за менување на вкусот.

Ако е оставена во шише на пример, со тек на време може да стане дом на алги и ларви од комарци, објаснуваат од Discovery News. Токму ова се дел од причините поради кои купечката флаширана вода има рок на траење. Погледнете го видеото и дознајте повеќе за водата:

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О