Како најдобриот тенисер на светот ги троши своите милиони?

Новак Ѓоковиќ е моменталниот крал на тенисот. Тој ја обезбеди титулата „Светски рекет број 1“ во 2011, и многу ретко му се случува да ја изгуби, не паѓајќи пониско од второто место оттогаш.

И покрај парите кои ги има освоено од победите и неговите бројни спонзорства, Ѓоковиќ не е еден од богаташите кои своите пари ги трошат на луксуз и разврат. Наместо тоа, тој ужива во мирен животен стил и голем број на хобија и интереси надвор од тениските терени.

Еве поглед во животот на Новак, и начините на кои тој ги троши своите пари.

Минатата година заработил 48 милиони долари, со што стана вториот најдобро платен тенисер во светот, и 13-тиот најдобро платен спортист на сите времиња.



На теренот, Новак има заработено повеќе од 79 милиони долари од победи, од кои 6,9 милиони се заработени само во 2015 година.

Вистинските пари ги прави од реклами и спонзорства. Минатата година заработил 31 милион долари надвор од теренот.



Адидас, лускузниот бренд на автомобили Пежо, скапите часовници Сеико, австралиската винарија Jacob’s Creek и Uniqlo се само дел од неговите големи спонзори.



Во 2013 година напиша книга за исхрана и животен стил наречена „Сервирање за победа: 14-дневна безглутенска диета за физичка и ментална совршеност“ за диетата која ја смени неговата кариера.


Ѓоковиќ потроши дел од тие пари: купи стан во Монте Карло, еден од најскапите пазари на недвижнини во светот.

Има купено и луксузна Менхетн јахта од 2,6 милиони долари во 2009 година. Но, подоцна ја продаде.



Сопственик е на синџир ресторани кои се викаат Novak Café & Restaurant со локации во Белград, Копаоник и Нови Белград.



Во 2013 медиумите објавија дека Новак ги купува сите залихи на сирење од магарешко млеко во светот за неговите ресторани. Ваквото сирење чини 500 долари за 400 грама. Сепак, информацијата се испостави погрешна, но фармер му понуди на Новак ексклузивен пристап до неговото сирење, понуда за која рече дека ќе размисли наредната година.

Тој вози автомобили од неговиот спонзор Пежо, но ужива и во луксузните автомобили на Ауди, БМВ и Мерцедес. Сака да се појавува со стил. Неодамна на Вимблдон се појави со хеликоптер.


Ѓоковиќ и неговото семејство се сопственици на компанијата Family Sport, која организира спортски настани и кетеринг услуги.



Во 2009 година оваа компанија го откупи Dutch Open турнирот и го претвори во Serbia Open. Траеше 4 години, пред пак да биде откупен од АТП.

Користи ќелија за притисок која чини 75.000 долари, CVAC Pod, а треба да го зголеми мускулното тонирање, да ја намали млечната киселина и да стимулира размножување на клетките.



Тој ја сфаќа својата диета многу сериозно, и неодамна пушти во продажба нутритивна линија на храна именувана Djokolife.



Новак и неговата сопруга Јелена ја водат Новак Ѓоковиќ фондацијата, која цели да го подобри раното образование на децата. Досега има донирано повеќе од 3.4 милиони долари на оваа кауза.



Во 2014 година ги донираше сите 750.000 долари кои ги освои на Italian Open за помош на поплавените во Србија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О