Мсити: Градот забранет за луѓе

Технолошките гиганти и производителите на автомобили вложуваат милијарди долари во развојот на автономните автомобили, кои можат да управуваат без директна контрола од возачите. Моделите на Google веќе поминаа стотици километри низ САД, а иако не беа виновни веќе учествуваа и во неколку сообраќајни несреќи.



Тестирањето на овие автомобили во вистински услови низ фреквентните градови може да биде прилично непријатно, па затоа научниците од Универзитетот Мичиген направија лажен град кој е наменет за такви тестирања. Градот се вика Мсити (Mcity) и во него има улици, тротоари, семафори и сообраќајни знаци, а направени се и фасади на згради, за ситуациите да бидат колку што е можно пореални. Единствено што му недостасува на градот се луѓето.

Мсити ќе биде почетен полигон за тестирање на идните технологии пред нивното усовршување, а кога автомобилите ќе ги совладаат тестовите во овој град, тогаш ќе бидат подготвени за вистинскиот сообраќај и тестови на фреквентни улици со други автомобили, мотоцикли и пешаци.

Иако во градот нема луѓе, сепак ќе има еден пешак-робот, кој се движи по тротоарите и ќе преминува преку улиците за да ги тестира реакциите на пешаците. Покрај автономните автомобили, тука ќе се тестираат и таканаречените поврзани автомобили, кои освен меѓусебно, комуницираат и со другите предмети како семафорите и знаците.

Научниците од Универзитетот во Мичиген велат дека градот е детално испланиран за автомобилите во него да се сретнат со сите пречки што може да се појават во реалноста.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О