Том Круз ќе се жени по четврт пат

Откако се разведе од Кејти Холмс во 2012 година, Том Круз целосно и се посвети на кариерата и снимањето филмови. Но, како што пишува магазинот Star, 53-годишниот заводник одлучил да му посвети внимание и на приватниот живот.


Том се вљубил во својата асистентка Емили Томас која веќе ја побарал за сопруга. Во врска се од 2014 година. Се запознале минатата година на снимањето на филмот "Mission: Impossible. Rogue Nation”.

Емили Томас, новата љубов на Том Круз

Доколку се венчаат, на Том ова ќе му биде четврт брак. Прва сопруга му беше Мими Роџерс со која се венчаше во 1987, а се разведе во 1990 година кога се венчаше со Никол Кидман. Со Кејти Холмс се венчаше во 2006 година. Има три деца: Сури (19), Изабела (22) и Конор (20).

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О