Како режисерите ги плашат актерите на снимањето на хорор филмови?



Режисерите, но и актерите низ историјата користеле различни методи за стравот кај актерите да изгледа што пореален.

За кај децата - актери да поттикнат вистински страв, режисерите на хорор филмови во текот на годините користеле различни методи. Колку најновиот римејк на "Poltergeist" ќе успее да ја уплаши публиката, најмногу ќе зависи од најмладите актери кои во филмот глумат брат и сестра.

Токму изборот на двете деца бил најтежок за режисерот Гил Кенан, како што самиот открил за New York Post, а изборот на крајот паднал на 7-годишната Кенеди Клементс и 11-годишниот Кајл Катлет.



„Кога пред толку мали и млади протагонисти мора да раскажете некоја напната приказна, нивниот поглед, односно ужасот во нивните очи е нешто што не можете да го лажирате“, вели Кенан на кој му било важно децата да му раскажат ситуации во кои биле многу уплашени.

Па така, Кенеди Клементс на аудицијата раскажала дека најмногу се уплашила кога се возела на „возот на смртта“, а на режисерот многу му значело да знае од што се плашат актерите.


Режисерите, но и актерите низ историјата користеле различни методи за стравот кај актерите да изгледа што пореален.

Младата Меган Черпентиер на снимањето на хоророт „Мама“ во 2013 година добила совет од феноменалната Џесика Честејн, која и` препорачала пред снимањето на страшни сцени да скока, за на снимањето на сцената да изгледа како навистина да останала без воздух.



Даниел Херис, која имала 10 години кога го снимала филмот „Ноќ на вештерките 4: Враќањето на Мајкл Маерс“ за време на снимањето размислувала на тоа дека никогаш повеќе нема да го види своето омилено куче, што и` помогнало на нејзиното лице подобро да се види стравот.

Режисерот Вилијам Фрајдкин на снимањето на хоророт „Егзорцист“ во 1973 година, на сетот чувал неколку наполнети пиштоли и често пукал од нив, за актерите цело време да бидат во страв.


Во оригиналниот "Poltergeist", 5-годишната Хедер О`Рурк била толку преплашена кога ги уклучиле огромните вентилатори кои ги разнесувале играчките по собата, и толку се тресела што се измокрила на креветот на кој седела. Продуцентот Стивен Спилберг го исчистил нејзиниот кревет.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О