Проклетството на Холивуд? Еве зошто е лошо да се викате Џенифер

Овие славни дами го делат истото име, но и некои проблеми во животот. Да се биде богат и славен не е гаранција за среќа, а тоа најдобро го знаат славните дами кои се викаат Џенифер.


Џенифер Гарнер



Ова убавица поминала 10 години со Бен Афлек во навидум совршен брак. Сепак, сега некои работи излегоа на виделина и сликата за нивниот однос доби целосно поинаква димензија. Џенифер за себе често тврдеше дека е всушност досадна личност, па можеби тоа било причината за опивањето на Бен, неговото коцкање и одење со други жени.

Џенифер Лоренс



Многумина би помислиле дека оваа актерка нема ниеден проблем во животот, но сепак не е така. Таа во последно време е повеќе позната по своите падови отколку по улогите. За работата да биде уште подобра, дури и сопствениот телохранител успеа да ја засени. Уште еднаш раскинала со Крис Мартин, а минатата година интернетот гореше поради нејзините хакнати разголени фотографии.

Џенифер Лопез



Таа можеби имала среќа во кариерата, но кога станува збор за љубовниот живот, никако не успеа да ја најде својата сродна душа. Се мажеше дури три пати, но ниеден брак не опстана. Сега е во врска со многу помладиот танчер Каспер Смарт, но со оглед на тоа што неколку пати раскинуваа, се прашуваме дали Џеј Ло некогаш ќе биде среќна во љубовта?

Џенифер Анистон



Таа се прослави со улогата во серијата „Пријатели“ и некако се` остана на тоа. Интересот за неа се зголеми кога започна врска со холивудскиот убавец Бред Пит, а уште повеќе се зголеми кога тој ја остави поради Анџелина Џоли. Џенифер навистина нема среќа во љубовта, мажите поради некоја причина ја напуштаат, а ниту патот кон олтарот не е лесен. Ја нарекуваат „старата мома на Холивуд“.

Џенифер Лов Хјуит


Таа не е ничива омилена актерка, на момент заблеска во серијата 'Ghost Whisperer’ и на тоа се` остана. Тука и таму се појавуваше со незапомнети улоги. Кога конечно доби прилика да се појави во одличната серија 'Criminal minds', остана бремена, па така и таа работа пропадна. За работата да биде уште поинтересна, таа имаше и своја прогонувачка која тврдела дека Џенифер и Стивен Спилберг и` влегуваат во главата и и` ги контролираат мислите со помош на сајбер технологија.

Џенифер Хадсон



Оваа пејачка доживеала вистински хорор во приватниот живот. Во 2008 година Вилијам Балфур кој бил во врска со нејзината сестра, упаднал во куќата на семејството од Џенифер и ладнокрвно ги убил нејзината мајка, брат и внук. Судот му одбил можност да се брани со слобода, а во 2012 година бил осуден на три доживотни робии без можност за помилување. Не треба да се нагласува дека овој трагичен случај оставил трајни последици врз пејачката.

Се чини како името Џенифер во Холивуд да има некое проклетство.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О