Хаос во Хаг: Тинејџерите го запалиле градот поради смрт на странец, премиерот младината ја нарекол "ретардирана"

Полицијата во холандскиот град Хаг вчера привела повеќе од 200 лица поради кршење на полицискиот час. Немирите траат веќе четири ноќи, а започнале во понеделникот навечер, откако еден доселеник од Карибите починал во полициска станица под неразјаснети околности.

Протестите се случиле во имигрантската населба Шилдервијк, а жителите ги повикале полицијата и политичарите повторно да воспостават ред. Премиерот Марк Руте рекол дека младината која пали оган и ги напаѓа полицајците е "ретардирана", а градоначалникот Јозиас Ван Аетсен ветил остар одговор на немирите.

Повеќето од 200-те приведени биле ослободени денес и предадени на родителите по сослушувањето и изрекувањето на паричните казни.





Нередите избиле откако во полициски притвор починал 42-годишниот Мич Енрикез, турист од Аруба. Тој бил уапсен за време на фестивалот минатата седмица, под сомнение дека наводно поседувал недозволено оружје. Неколку часа по апсењето, починал во полициската станица под неразјаснети околности.

Протестот бил организиран по пат на социјалните мрежи, а во него учествувале доселеници од Мароко и Турција, како и нивните потомци кои тврдат дека секојдневно се жртви на полициска дискриминација.

Меѓу демонстрантите имало и хулигани од навивачки групи, а некои извикувале антисемитски пароли. Хашката полиција последниве години често била обвинувана за расизам и насилство.



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О