Погледнете ги аудициите на актерите на Game of Thrones

НВО објави неверојатни снимки од аудициите на голем дел од актерите на епската телевизиска серија вчера на нивниот Comic Con San Diego панел. Клипот, кој можете да го проследите, ги прикажува аудициите на Натали Дормер, Гвендолин Кристи, Педро Паскал, Лиам Канингам и многу други.


Пред да го посетат панелот во Халата Х, екипажот и актерите на Game of Thrones направиле интервјуа со новинарите на Entertainment Weekly, дискутирајќи за шокантното финале на сезона 5.

„Пред три недели, бев во друштво на претседателот на САД“, вели Дејвид Натер, кој го режираше финалето. „Се сврте кон мене, ја стави раката на моето рамо, и праша ’Не го убивте Џон Сноу, нели?’. Му реков дека Џон не може да биде повеќе мртов, и мислев дека ќе ме прати во Гвантанамо Беј, но за среќа сум тука. Но, тој е сé уште мртов“.

Освен Џон, авторите потврдија дека и Станис е мртов, иако немаше on-screen смрт.

„Од самиот почеток, и преку менувањето на скриптата, тоа беше намерата – тој е мртов“, вели Натер.

Во видеото подолу, кое објавено поодамна, можете да ги видите и аудициите на Софи Тарнер (Санса Старк) и Мејси Вилијамс (Арја Старк).

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О