Варуфакис за "Guardian": Германија сака "Grexit", за да ја исплаши Франција

Германија посакува "Grexit", така барем тврди поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис. Во статијата објавена во "Guardian", Варуфакис дава свој коментар за тоа што Германија, најгласната на преговарачката маса, навистина го сака. А според поранешниот министер - тоа е излез на Грција од еврозоната. Но, според него, Германија го сака тоа само за да ѝ одржи лекција на Франција.

"И тука е кваката. По кризата во 2008/2009. година, Европа не знаеше како да одговори. Требаше да подготват терен за барем едно "протерување", за да се зголеми дисциплината. Или да се организира федерација? Засега не е направено ништо, само се зголеми егзистенцијалната анксиозност. Германскиот министер за финансии, Волфганг Шобле е убеден дека во оваа ситуација потребен е "Grexit", за да се прочисти воздухот. Наеднаш, трајно неодржливиот грчки јавен долг, без кој "Grexit" е невозможен, доби нова корист за Шојбле", пишува Варуфакис.


Неговото мислење е дека германскиот министер за финансии сака Грција да се турне од единствената валута, "за на Французите да им се стави страв во коски" и за да се прифати неговиот модел на дисциплинарна еврозона. Тоа што може да се прочита од зборовите на Варуфакис е дека Германија сака Грција да се искористи како пример, за да ја наметне својата визија на еврозоната на останатите членки.



Варуфакис нагласува дека Германија смета дека сите долгови мора да се исплатат, без разлика на сè, и дека Грција ја користи за другите земји членки, како Франција, да разберат дека не е во ред да се простуваат долгови. Варуфакис во својата статија анализира како тој ги видел петте месеци преговори. Со други зборови, Варуфакис целиот тој процес го гледал како обид на европските сили, односно луѓето како Шојбле, да го убедат Варуфакис да ја прифати програмата.

А таа програма, според зборовите на поранешниот грчки министер за финансии, е целосно исплаќање на долгот, без кратење, додека од друга страна постојат големи буџетски суфицити. Варуфакис пишува дека трансферот на неповратните приватни загуби на товар на даночните обврзници, работел како вежбање на "строга љубов". На Грција ѝ е наметнато штедење, чии национални приходи се намалени за повеќе од четвртина. "Потребна е математичка способност на 8-годишно дете за да се сфати дека тој процес нема да заврши добро", пишува Варуфакис.



Гледајќи го новиот предлог на Грција, Варуфакис е убеден дека ништо нема да се промени - даноците ќе бидат поголеми, потрошувачката помала, и ќе има поголем суфицит во грчкиот буџет. Тоа е, наведува Варуфакис, всушност тоа на што се противел грчкиот народ, кога на референдумот заокружил "Не".

"Изгледа дека последните шест месеци биле големо губење на политичка енергија за премиерот Алексис Ципрас", и маса од лажна надеж за грчките граѓани, кои мислеа дека Сириза може да стави крај на програмата за грчкото штедење", пишува тој. Но, тој додава и дека европското водство јасно дало до знаење кои ќе бидат следните чекори: или повеќе од истото, или надвор од еврозоната.



Укинувањето на еврото и нов почеток со нова валута не е нешто што посебно го воодушевува грчкиот народ. Варуфакис ги спомнал и тешките услови за поставување на нова валута во окупираниот Ирак. Тоа било процес кој траел 18 месеци, ја вклучувал американската војска и три различни печатни компании. "Вистински кошмар", додава Варуфакис.

Сега се чека недела, кога ќе се одржи состанокот на Европската унија со сите 28 членки, а не само 19-те членки на монетарната унија. За Варуфакис, Грција е на истото место каде што била и пред шест месеци, и последните пет години. Варуфакис мисли дека е најдобро грчкиот пат да остане со еврото.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О