Српската полиција 24 часа сопирала само луксузни автомобили: Од резултатите биле изненадени сите

Поради најразлични прекршоци за 24 часа српската полиција напишала 851 казна на возачи на луксузни автомобили.

Српската сообраќајна полиција во последните 24 часа извршила акција на контрола на возила исклучиво од висока класа. Резултатите од акцијата во најмала рака биле изненадувачки.

Конкретно, контролирани биле нешто помалку од 5 илјади скапи автомобили, а притоа вкупно 851 возач бил казнет поради најразлични сообраќајни прекршоци.



Покрај тоа, полицијата во оваа акција пронашла три лица за кои претходно била распишана потерница и еден пиштол. Шест лица управувале со возилата иако на одредено време им била одземена возачката дозвола, а 50-тина од сопрените биле под дејство на алкохол.

Началникот на Управата за сообраќајна полиција при Министерството за внатрешни работи, Владимир Ребиќ изјави дека во акцијата, покрај сообраќајната, учествувала и обичната полиција, пренесува „Танјуг“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О