Тренерот на Работнички ги шокираше Турците: Нашиот буџет е 350 илјади евра

Веднаш по елиминацијата на Трабзонспон во Лига Европа, тренерот на Работнички Игор Ангеловски даде изјава, која ги зачуди турските медиуми.

- Нашиот годишен буџет е 350 илјади евра. Нашата стратегија е да тренираме млади играчи. Голот го постигна дете родено 1995 година - изјави Ангеловски во Трабзон.


Скромниот Работнички успеа да ја одбрани победата од 1:0 од Скопје, ремизирајќи 1:1 во реваншот во Турција против Трабзонспор, еден од најбогатите тамошни клубови, чиј тим е проценет на 100 милиони евра.

- Игравме со срце. Ова беше тешко искуство, но успеавме да му подариме победа на нашиот народ. Игравме со десетмина играчи со негатива од 1:0 и победивме. Не е дека победивме лесно, туку бидејќи имаме одлични играчи и им се поклонувам - додаде популарниот Мрме.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О