Bild: Јунајтед понуди 85 милиони евра за Томас Милер

Германскиот весник Bild пренесува дека Манчестер Јунајтед испратил во Минхен понуда вредна 85 милиони евра за трансфер на Томас Милер.



Во текот на преодниот рок германскиот шампион два пати ја одби понудата на „црвените ѓаволи“ за трансфер на напаѓачот, кој минатата недела наводно изјавил дека нема ништо против да се пресели на „Олд Трафорд“.

Доколку Манчестер Јунајтед го донесе Милер тогаш ќе го урне британскиот трансфер рекорд кој го постави минатата година кога во клубот пристигна Анхел Ди Марија.

Јунајтед во првите две кола во Премиер лигата оствари две победи, а синоќа со 3-1 го совлада и Бриж во првиот плејоф меч во Лигата на шампионите.

Исто така и Милер добро влезе во новата сезона, во првото коло во Бундеслигата тој постигна два гола против Хамбург.

Инаку, Манчестер Јунајтед до крајот на преодниот рок мора да донесе напаѓач бидејќи покрај Вејн Руни во тимот е уште само Чичарито Хернандез кој не е миленик на менаџерот Ван Гал.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О