Најубавите приватни острови на славните

Изгледа дека купувањето на приватен остров е сосема нормална работа меѓу славните и богатите. Тоа сега е статусен симбол, баш како дизајнерската облека и луксузните автомобили.



Ова се само дел од најубавите острови во сопственост на најпознатите имиња во шоубизнисот:

Џони Деп - Little Halls Pond Cay, Бахами

Џони Деп веќе со години поседува остров вреден 3,6 милиони долари, а го привлекло тоа што ова е всушност корален гребен. Коралните гребени се познати како најегзотичните и најсликовитите места во светот.



Леонардо Ди Каприо - Blackadore Caye, Белизе

И верувале или не, Леонардо на него гради еколошки погодно окружување.



Рики Мартин - Angra Dos Reis, Бразил

Во 2008-ма година се почести со остров по цена од 8 милиони долари во ексклузивниот бразилски регион. Тука се наоѓаат најубавите плажи од целиот континент.



Бијонсе и Џеј Зи - Stranger Cay на Бахами и помал остров на Флорида

Би било нелогично Џеј Зи и Бијонсе да не се најдат на листата, затоа што поседуваат 2 приватни острови. Тој на Бахамите чини околу 20 милиони долари, додека другиот кој се наоѓа на Флорида е 3-4 милиони долари.



Шакира - Bonds Cay, Бахами

Скромната Колумбијка сепак не е толку скромна. Таа за приватен остров одвоила 16 милиони долари, а планира на него да изгради луксузна вила за одмор и релаксација.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О