Какви се хороскопските знаци во врска? Биковите се романтични, а Водолиите импулсивни

Овните се верни, а Рибите таинствени, Бикот често успева да освои со изгледот, но дали успеваат да ги задржат партнерите?



Откријте кој хороскопски знак каков е во љубовта и како да го освоите.

Овен

Овните обично се верни партнери. Тие сами ја преземаат иницијативата и не се срамат да го направат првиот чекор. Точно знаат што сакаат, посебно во кревет. Најчесто преферираат да играат љубовни игри. Не сакаат личности кои лесно им се предаваат и не сакаат премногу романтични настроени партнери. Ја сакаат слободата и можат многу лесно да се одлучат за прекин на врската.

Бик

Биковите се романтични, но сакаат и страсни врски и авантури, па кој ќе се одлучи на врска со нив мора да има и трпение. За сериозни врски се одлучуваат по долго размислување, а кога ќе се одлучат подготвени се максимално да му се посветат на партнерот и да направат сè што е потребно за врската да успее. По природа се љубоморни, но таквите чувства никогаш не ги покажуваат пред партнерот. Кога еднаш ќе се одлучат за прекин на врската, ништо не може да ги предомисли.

Близнаци

По природа се љубопитни, па такви се и во љубовта. Врските ги гледаат како предизвик и подготвени се да се надмудруваат со партнерот и да си играат со него. Ќе ги задржите само ако постојано им нудите нешто ново. Склони се на изневерување и флертувања, а се извлекуваат на шармот. Кога еднаш ќе се одлучат за врска, ќе направат се за својата љубов. Добро се согласуваат со Стрелците.



Рак

Емотивни и чувствителни, Раковите се подготвени на најголеми жртвувања за да ја задржат саканата личност покрај себе, дури и кога таа не се однесува добро со нив и ги исцрпува. Подготвени се на компромиси и големи жртви. Од друга страна пак, сакаат авантури и кратки врски пред да се одлучат за вистинската личност. Најмногу си одговараат со емотивните Риби. Ретко зборуваат за своите врски, а и кога споделуваат нешто тоа е секогаш во позитивна смисла.

Лав

Лавовите обожаваат да освојуваат, но и да бидат освоени. Потребна им е личност која ќе ги тера да се „мачат“, но не сакаат претерувања. Се согласуваат со слободоумните Стрелци и другите Лавови. Она што не дозволуваат во врската е да им биде повредено егото. Тогаш се подготвени за брз прекин на врската, без можност за враќање. Нема да попуштат тоа да го направат драматично и со низа сцени, бидејќи сакаат да бидат во центарот на вниманието.

Девица

Во љубовта девиците се искрени. Често остануваат со скршено срце одошто самите да преземат одлучувачка улога во врската. Девиците бараат верни партнери кои ќе бидат оптимистички настроени и ќе бидат полни со самодоверба иако и самите не се толку самоуверени околу личните способности. Потребна им е интелектуална личност и подготвени се во разумна мера да му простат на партнерот.

Вага

Вагите не сакаат да им се поставуваат ограничувања и не трпат нетолерантност, бидејќи самите се полни со разбирање за партнерот. Кога доаѓа до прекин на врската тие се прилично цивилизирани и тактични иако често ги обвинуваат за неискреност. Подготвени се да му дадат уште една шанса на партнерот, но не сакаат никој да игра со нивното трпение. Поради високите очекувања тие тешко го пронаоѓаат вистинскиот партнер.



Скорпија

Кога еднаш ќе бидат љубовно инспирирани, нив ништо не може да ги спречи се додека не „уништат“ се пред себе. Кога се заљубени тие се прилично хаотични и доживуваат низа емоции истовремено: сомнежи, љубомора, страст, несигурност... Очекуваат потполно верен и посветен партнер, а ако ги изневери подготвени се на одмазда. Физичкиот контакт им е најважен, но можете да ги освоите и со подароци, ласкања и гестови. Им одговараат Раковите и Рибите.

Стрелец

Стрелците подеднакво трагаат по голема љубов, но и по врски исполнети со авантура. Важно им е нешто да се случува. Ретко се заљубуваат, а ако се случи тоа, подготвени се да направат се за партнерот, па и да се жртвуваат на своја штета. Исто толку огнени се и при прекинот на врската. Ако еднаш се одлучат за прекин, ништо не може да ги сопре. Ако партнерот повеќе не им е доволно интригантен и не ги стимулира, многу лесно може да продолжат понатаму. Импулсивно реагираат, ги собираат своите работи и си заминуваат без објаснување.

Јарец

На припадниците на овој хороскопски знак најмногу им прилегаат стабилни врски. Во младоста се незаситни, излегуваат, запознаваат нови луѓе, а кога се подготвени да се смират подготвени да бараат партнер за цел живот. Често наидуваат на Девици и Бикови. Подготвени се целосно да го отворат срцето пред партнерот, но бараат и слобода, бидејќи често сакаат да бидат сами.



Водолија

Водолиите се прилично импулсивни. Лесно влегуваат во врска, а уште полесно знаат и да излезат од неа без било какво објаснување. Не сакаат конфликти, па и кога ја прекинуваат врската се трудат тоа да го направат на најбезболен можен начин. Ако сакате да ги освоите и задржите, потрудете се да им приредувате изненадувања. Потребна им е слобода во врската, а тоа можат да го постигнат со Близнаците и Вагите.

Риби

Рибите се романтични, но и таинствени, па тешко можете да одредите дали се заљубени или не. Сакаат стабилна врска, но се многу пребирливи при изборот на партнерот. Бараат зрели партнери. Во се влегуваат со отворено срце, па не е изненадувачки што прекинот на врската го доживуваат прилично емотивно. За прекин на врска се одлучуваат ако постои нетолеранција кон нивната склоност на сонување и фантазирање, бидејќи нејќат да се спуштат на земја по ниту една цена.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О