Наскоро спектакуларен дожд од ѕвезди

Кометите што вообичаено на небото се појавуваат во август, ќе имаат свој огномет со кулминација во ноќта кон четвртокот кога стотици од нив секој час ќе прелетуваат преку темното небо ветувајќи незаборавно доживување.



„Оваа година претставата ќе биде спектакуларна“, вели за AFP, Морган Холис, астроном од британското Кралско астрономско друштво.

Оваа незаборавна глетка ќе може да се види од сите делови на Земјата, благодарејќи на Персеидите, остатоци од кометата Свифт-Тафл која секоја година минува низ патеката на планетата од средината на јули до средината на август.

Со навлегувањето во атмосферата Персеидите, кои се делови од комети, се судираат со молекулите на атмосферата и тој извонредно силен удар произведува светлина, појаснува Жереми Вобелон, астроном во Париската опсерваторија (IMCCE).

Оваа година Персеидите најдобро ќе може да се видат на 12-ти и 13-ти август, кога Земјата и буквално ќе биде во центарот на нивниот облак. Феноменот ќе може да се набљудува речиси две седмици, колку што на планетата ѝ е потребно да мине низ метеорскиот рој.

Овој рој е гигантски облак долг повеќе од милион километри, со милијарди ситни делови од кометата. „Ова ќе го гледаме уште долги години, тоа е првиот извор на ѕвезди со опашки“, додава Вобелон.

Среќната околност е што Месечината оваа година нема да биде видлива, па нејзината светлина нема да го попречува набљудувањето. Научниците порачуваат дека призорот е најдобро е да се гледа со голо око, и дека не се потребни ниту двоглед, ниту телескоп.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О